За два дена над 700 мртви во Италија од Корона вирус

0
82

Во Италија во последните 24 часа починале 349 луѓе од коронавирусот, со што бројката втор ден по ред е поголема од 300. Црниот рекорд беше остварен вчера, кога имаше 368 починати.

Во последните 24 часа најголем пораст на бројот на заболени има Шпанија, над 1.200 и 5 нови смртни случаи, во Германија има околу 800 нови заразени. Ситуацијата во Франција, исто така, станува сè позагрижувачка.