За откажаните туристички аранжмани агенциите ќе даваат ваучери кои ќе важат до крајот на следната година

0
93

Mинистерството за економија денеска изготви уредба со законска сила според која ќе им се издаваат ваучери на туристичките агенции за сумата на аранжманите кои се откажани. Со оваа мерка на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери во износ на упатената сума кои ќе можат да се искористат до крајот на 2021 година.

„Така, сите клиенти кои ги откажале аранжманите нема да ги изгубат парите, а во исто време агенциите ќе можат да го издржат товарот“,

рече министерот за економија Крешник Бектеши соопштувајќи ја мерката.

Ваучерите ќе бидат унифицирани за сите агенции. Оние агенции што ќе престанат да работат ќе мора целата сума да им ја исплатат на клиентите. Сите туристички агенции што нема да дадат ваучери ќе бидат казнети, предупреди Бектеши.

Бектеши соопшти и дека за поддршка на туризмот, кој е најпогоден од кризата, на барање на Министерството за економија, Здружението за заштита на авторски и музички права ЗАМП донесе одлука да ги ослободи од плаќање надомест за музика, рестораните, хотелите, кафулињата и останатите субјекти што плаќаат ваков надомест, имајќи предвид дека воопшто не работат.

Извор 360степени