Зголемен бројот на заразени во Србија, ќе биде продолжен полицискиот час

0
103

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе и предложи на владата полицискиот час да биде продолжен на 12 часа, односно од 17 до 5 часот наутро.

„Ако не е доволно, ќе го зголемиме уште повеќе. Ве молам, не излегувајте надвор“, рече Вучиќ на прес-конференција, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Денеска е најтешкиот ден, бидејќи имаме 36 новозоаразени (вкупно со потврдените случаи претпалднето – з.р.). До вечерва заразени се вкупно 171, а оваа бројка ќе биде уште поголема“, предупреди Вучиќ истакнувајќи дека на владата ќе ѝ предложи посторги мерки, бидејќи граѓаните досега не покажале доволно дисциплина и сериодно не ја сфатиле заканата која ја носи ширењето на коронавирусот.