ЗЕДНИЧКОТО ПРЕТСЕДАВАЊЕ СО БEРЛИНСКИ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

0
87

Берлински процес во време на корона – Македонија и Бугарија домаќини, но дел од гостите откажуваат присуство. Шефовите на дипломатиите на Германија и Италија, Хајко Мас и Луиџи ди Мајо утрово го откажаа летот кон Скопје, на состанокот на министрите за надворешни работи не дојде и францускиот претставник- заменик генерален секретар во министерство за надворешни работи Андре Паран.

Сепaк, пораките до европските лидери се испратени, а тоа е дека Унијата не е целосна без Западен Балкан.

Сузана Шутц дир. за ЈЕ, Турција и ЕФТА при германското МНР – Ние велиме и веруваме во тоа Западен Балкан мора да стане дел од Европска Унија. Искрено се надеваме дека новата методологија и апдејтираниот извештај на Европската Комисија за Албанија и Северна Македонија ги убеди и скептичните земји – членки дека очекуваме позитивна одлука во март на Советот за општи работи и Европскиот Совет.

Захариева два дена им порачува на политичарите од Западен Балкан да престанат да се жалат и смета дека е време не само да се зборува, туку и да се делува.

„Ние сме премногу фокусирани на минатото. Не е лошо да се сеќаваме на историјата, не сфаќајте погрешно, но сметам дека основата на вистинското пријателство е да ја кажеме вистината и да дискутираме без многу големи емоции за минатото. Да изградиме заедничка иднина. Земјите од Западен Балкан, сите 6 од нив велат дека приоритет е да бидат дел од ЕУ, но вистината е да не останат само на зборови, туку и да работат за заеднички интерес“. – Екатерина Захариева МНР Бугарија.