ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите

0
73

Како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, низ сите џамии во државата нема да се одржуваат организирано намаз молитвите, информира на прес-конференција претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман еф. Реџепи. Тој, исто така, наведе дека организирано нема да се одржи ниту петочната молитва.

– Муезините се обврзани да одржат езанот (повикот за молитва) во џамиите низ целата земја. Нема да се клања ниту Џума намазот (петочната молитва) во џамиите низ целата држава и затоа исламските верници се должни на место на Џума намазот, во своите домови да го клањаат пладневниот намаз. Во случај на починати како последица од коронавирусот, погребната церемонија се врши од надлежните органи, додека пак намазот на починатиот и другите церемонии според Исламскиот шеријат, ќе се вршат по погребот. Оваа правило важи и за починатите кои евентуално ќе бидат донесени од странство, изјави претседателот на ИВЗ, Реџепи.