Изборниот процес, особено финансирањето, под лупа на набљудувачите

0
79

Домашни и странски набљудувачки организации ќе го следат и овој изборен циклус, вклучувајќи ја кампањата и изборниот ден. Дел од набљудувачите се веќе на терен, а првичните забелешки се дека нѐ очекува валкана кампања, надвор од демократските стандарди и добри изборни практики

До официјалниот почеток на изборната кампања има уште дваесет дена. Се очекува деновиве партиите да ги затворат кандидатските листи и списоците да ги предадат до Државната изборна комисија.

Како и досега и овој изборен процес ќе го следат странски и домашни набљудувачи чии подготовки поврзани со мониторинг на изборите, се веќе во тек. Во државата пристигна мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на изборите.