“Имиња”, Заев; Постапката е незаконска, треба да се поништи

0
98

Претседателот на СДСМ ја нарече незаконска одлуката за преименување на двете основни училишта во Чаир. Станува збор за училиштата “Никола Вапцаров“ и “Рајко Жинзифов“ кои се преименувани во “Имри Елези“ и “Исмаил Ќемали“. Заев од надлежните институции побара да ја коригираат одлуката ако истата е усвоена спротивно на законските проведури.

Од Централен Регистар за Алсат М рекоа дека не ја коментирале изјавата на Зоран Заев, но истакнаа дека процедурата за имињата на училиштата ја има за основа одлуката на министерот за образование и други процедури.

Централен Регистар

“Процедурата во Централниот Регистар е целосно регуларна. Постапено е согласно законот за основно образование, основано на одлуката на министерот за образование со претходна одлука на советите на училиштата и после позитивното мислење од претседателот на Советот на Општината“.