Индустриското производство во јануари порасна 0,3 проценти

0
79

Индустриското производство во јануари годинава во однос на истиот месец од 2018-та порасна за 0,3 проценти – соопшти статистика. Растот доаѓа по негативата во последните два месеци од минатата година, кога производството падна 5,9 и 2,1 процент.

По сектори, индустриското производство пораснало 9,4 проценти во Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија од 4,6 проценти, а производството паднало во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за15.8 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.9 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти, а опаѓање има кај Енергија за 12.7 проценти,Капитални производи за 5.5 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.4 проценти.