Италија бележи рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус

0
77

Во Италија, во изминатите 24 часа починаа 627 лица од новиот коронавирус, што е најголем број во еден ден од избувнувањето пред еден месец, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.032.

Италијанските власти велат дека тоа е зголемување од 18,4 проценти на смртните случаи, со тоа што Италија од вчера е држава со најголем број смртни случаи од Ковид-19.

Претходно, најголем број смртни случаи за еден ден во Италија беше 475, додека во Кина бројот на смртни случаи за еден ден не надмина 150.

Вкупниот број потврдени случаи во Италија се искачи на 47.021 од 41.035 претходниот ден, што претставува зголемување за 14,6 проценти. Зголемување на бројот на заразени има во централниот и јужниот регион, особено во Лацио, Кампанија и Пуља.