Италија ги затвора и фабриките откако во еден починаа 800 луѓе од коронавирус

0
77

Италијанската влада одлучи да ги затвори сите несуштински производствени активности поради пандемијата на коронавирусот, соопшти вечерва премиерот Џузепе Конте.

Во Италија денеска беа регистрирани нови, речиси 800 смртни случаи од коронавирусот, а епидемијата не покажува знаци на успорување и покрај стриктниот полициски час низ целата земја.

Надлежните соопштија дека бројот на жртви од Ковид-19 достигнал 4.825 луѓе, раст од 793 случаи во еден ден.

Извор Dw