Казна од 2 500 евра за жителот на Дебриште кој не се стави во изолација

0
84

Kазна од 2 500 евра доби жителот на селото Дебриште, Оштина Росоман, кој по враќањето од Германија вчера не ги почитувал мерките за задолжителна изолација.

„Тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа, одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13 часот, кога од страна на полицајци од Кавадарци е направена контрола во неговиот дом, обвинетиот не бил затекнат таму и телефонски изјавил дека е на истовар на стока во Струмица“Предлогот на јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше паричната казна да биде во висина од 50 дневни глоби.

Судијата одлучил дневната глоба да изнесува 50 евра, и го прифатил предлогот да биде во висина од 50 дневни глоби. Оттука произлегува и сумата од 2 500 евра (50 дневни глоби од по 50 евра).