Канадскиот премиер Трудо во самоизолација – неговата сопруга има симптоми слични на грип

0
77

Канадскиот премиер Џастин Трудо е во самоизолација поради „претпазливост“ откако неговата сопруга развила симптоми слични на грип откако неодамна се вратила од Велика Британија и ќе биде тестирана на коронавирус.

Во изјавата дадена денес, кабинетот на Трудо соопштува дека Софи Грегоар Трудо почнала да развива благи симптоми сношти.

Таа веднаш побарала медицинска помош и сега ги чека резултатите од тестот за Ковид-19 иако се чувствува подобро.