Кандидатите на коалицијата на СДСМ ќе бидат познати в понеделник

0
80

На огласот се пријавиле околу 2000 кандидати, но процесот на потесна селекција се уште трае, вели лидерот на партијата Зоран Заев, кој и денеска продолжи со објавување на детали од изборната програма. Ветува укинување на патните трошоци за пратениците, законска обврска за транспаретно трошење, разрешување на судиите кои со намера ќе застаруваат предмети.

СДСМ на овие избори ќе оди во колаиција со БЕСА, но Заев ја остава вратата се уште отворени и за ДПА. Најави дека деновиве ќе има средба со Мендух Тачи, во обид во последен момент да ја прошират коалицијата.

Од БЕСА велат дека веќе добиваат пофалби за соработката со Заев. Билал Касами во Стејт Департментот се сретна со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер, од кој, како рече, добил позитивни оценки за парнерството меѓу СДСМ и БЕСА.