Кинeски власти: Јапонски лек е ефикасен во борбата со коронавирусот

0
89

Кинеските медицински власти соопштија дека лекот што се користи во Јапонија за лекување на нови видови грип се чини дека е ефикасен кај пациенти со коронавирус, јавуваат јапонските медиуми. Анганг Ксинмин, службеник во кинеското министерство за наука и технологија, рече дека Фавипиравир што е развиен од подружница на „Фуџифилм“, создал охрабрувачки ефекти во клиничките испитувања во Вухан и Шенжен во кои учествувале 340 пациенти.

„Има висок степен на безбедност и јасно е ефикасен во третманот“, изјави Ксинмин.

Пациентите кои биле третирани со лекот во Шенжен, станале негативни на вирусот по четири дена од позитивните тестови, во споредба со оние кои 11 дена не биле лекувани со лекот, соопшти јавниот радиодифузер НХК.

Покрај тоа, Х-зраците потврдија подобрување на состојбата на белите дробови кај околу 91 отсто од пациентите кои биле третирани со Фавипиравир, во споредба со 62 отсто од оние без лекот.

„Фуџифилм Тојама Хемикал“, кој го разви лекот – познат и како Авиган во 2014 година, одби да ги коментира тврдењата. Акциите во фирмата, сепак, пораснаа во средата за 14,7 отсто и достигнаа цена од на 5.207 јени, по коментарите на Ксианмин.