КОВАЧЕВСКИ: ПРОБЛЕМОТ СО ВОДАТА ВО ЕЗЕРАТА Е ПОРАДИ СУШАТА, А НЕ ПОРАДИ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

0
75

Хидроцентралите работата со намален капацитет односно само со 60% од својата сила, зашто имаме сушна годинава, а акумулациите се одржуваат на еколошкиот минимум, тврди директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски. Поради намаленото ниво на вода, РЕК Битола работи турбо. Термоцентралата го надмина производството со 114 насто и лани произведе над 3.000 гигават часови електрична енергија.

Ковачевски уверва дека намаленото нивото на водата во Преспанското Езеро, чии води понираат преку Галичица во Охридското Езеро не е резултат на производството на електрична енергија.

„Генерално се грижиме да не се оди под котата на еколошки минимум, туку над тоа ниво. Хидроелектраните произведуваат електрична енергија соодветно на состојбата и во овој период тие работеа со 60 отсто од капацитетот. На сметка на тоа РЕК Битола го надмина производството со 114 отсто и лани произведе 3.151 гигават часови електрична енергија. Целокупното производство од термоелктраните и од обновливите извори на енергија ги задоволува потребите на земјата. Не увезуваме енергија туку извезуваме.“ – рече Ковачевски.