Козаров на листата на СДСМ за петката

0
89

Партиите синоќа до полноќ имаа рок за доставување на кандидатските листи до ДИК.

Битола добива уште еден кандидат за пратеник во петтата изборна едница во конечната листа која беше доставена до ДИК. Тоа е Горан Козаров долгогодишен член на партијата, поранешен советник во Советот на општината Битола, а сега актуелен директор на ЈП Водовод.

Од СДСМ за Тера рекоа дека првичната листа која не беше конечна, а на која се Бисера Костадиновска на 3 место и Петар Николовски на 17 место, се дополни со Горан Козаров кој е на деветтото ме сто.