Коронавирус: Италијански лекари открија како го спасиле првиот заболен пациент

0
79

Првиот заразен Италијанец бил 38-годишен маж, кој завршил во одделот за интензивна нега.

Лекарите др. Франческо Мојоли и др. Рафаеле Брунорада во болницата „Сан Матео“ во Павија, Италија, раскажале како се грижеле за првиот пациент од коронавирус во Италија.

Станувало збор за 38-годишен маж кој завршил на интензивна нега на 20 февруари, но сега успешно се опоравува.

„Критична, но стабилна состојба е добар знак. Човекот е во болница веќе три недели и лекарите успеаа да го сфатат текот на болеста: состојбата брзо се влошува, проследено со долга фаза на стабилизација и конечно подобрување. Тој сега се наоѓа во одделот за пост-интензивна нега во Сан Матео и е во фаза што лекарите ја нарекуваат „повлекување“, во која постепено се прекинуваат шок-терапиите. Тој самиот дише и е полусвесен“, изјавиле лекарите за „Кориере дела Сера“.

Тие велат дека коронавирусот може да биде опасен и за помладите луѓе.

„Коронавирусот може сериозно да влијае и на најмладите. Младите имаат повеќе оружја за борба против вирусот: третман „оживување“ кој вклучува шок-терапии со антивирусни коктели од лекови, антибиотици и, експериментално, оние што се користат за лекување на ХИВ, а лицата кои полесно ги толерираат се оние кои веќе не се ослабени физички. За да може третманот да биде успешен, мора да има комбинација од три фактори: терапија која ја одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење и сл.), третмани со коктели од експериментални лекови и отсуство на последователни компликации – рекоа италијанските лекари.