Корона вирусот го одложи „Титаник 3“

0
89

Титаник 3 се одложи. Судење немаше зашто првообвинетиот, Исмет Гури, не дојде во судница поради мерките на владата за изолација од корона вирусот. Неговата одбрана остави документ со кој посочи дека Гури 20 години боледува од дијабетес и спаѓа во ранливата категорија на граѓани и согласно препоракита на владата превентивно останал во куќна изолација.

Судот ја прифати медицинската белешка на Гури и следното судење, на кое треба да има завршни зборови, го закажа на 25 март, еден ден откако завршуваат мерките на владата за превенција од вирусот ковид-19.