Кризниот штаб и единицата за јавно здравје демантираат: Во Дебар има епидемиолог

0
76

Раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар епидемиологот Ментор Мела ја демантираше информацијата на МИА во која се вели дека Дебар нема епидемилог. Др. Мела вечерва изјави дека Дебар во ниту еден момент не остана без епидемиолог во оваа тешка состојба со заболените од коронавирусот. Екипата е зајакната со уште двајца инфектолози додаде Мела, нагласувајки дека се работи и денње и ноке се со цел да се заштити здравјето на населението.

И Кризниот штаб во Дебар изрази огорченост поради веста во која се вели дека Дебар нема епидемиолог . Портпаролот на штабот Или Мирзо изјави дека штабот остро реагира на оваа дезинформација . Др. Мела е носител на сите активности на теренот и има големо значење во откривањето на сите болните од Коронавирус во Дебар но и во центар Жупа.

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука нема дадено таква информациија истакна Мирзо ,,Ние сме задоволни ногу од работата на епидемиологот, и екипата е зајакната со инфектолози. Како што се одвиваат работите на терен во Дебар и Центар Жупа очекуваме и други епидемиолози и зајакнат здраствен персонал, нагласи портпаролот Мирзо. Во овие моменти многу е лошо да се емитуваат дезинформации додаде претставникот на штабот во Дебар.