Курти: Косово е пример за спречување на ширењето на вирусот, нема потреба од вонредна состојба

0
118

Премиерот на Косово, Албин Курти изјавил дека нема потреба да се воведува вонредна состојба во Косово, бидејќи институциите ги презеле сите неопходни мерки за спречување на коронавирусот.

Тој рече дека Косово е „пример во регионот за спречување на ширењето на пандемијата“.

„Имаме и имаме социјална и граѓанска дисциплина, поради што денес немаме повеќе од 20 заразени лица во Косово, од кои само еден 77-годишник кој носи маска за кислород. Двајца од нив се пуштени на домашно лекување во изолација“, рече Курти.

Коментирајќи го барањето на косовскиот претседател Хашим Тачи за прогласување вонредна состојба, Курти рече дека надлежните институции ја одржуваат ситуацијата под контрола и тој е убеден дека нема потреба да се воведе вонредна состојба.