Лидерска средба за одложување на изборите

0
79

За одолжување на изборите закажани за 12 април ќе се разговара на денешната лидерска средба, чиј домаќин е претседателот Стево Пендаровски. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ претходно се согласија дека поради коронавирусот неопходно е одложување на изборите.

Лидерите на политичките партии на средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски закажана за точно на пладне ќе разговараат за одложување на претстојните предврмени парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април.

Извесно е дека изборите ќе бидат одоложени откако на тоа се согласија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателот ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, како и собранискиот спикер Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.