ЛК може да ја опомене, но не и да и ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести

0
90

Во врска со случајот со директорката на Клиниката за кожни болести заболена од коронавирус која не ги почитувала препораките на здравствените власти да се јави на преглед по доаѓањето од Италија, Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора утре ќе одржи состанок и ќе донесе одлука во смисла на опомена за која ќе знаат нејзините членови и тој што ја добил, јавна опомена за која ќе биде јавноста информирана, одземање привремено или трајно на лиценца. Во моментов не може да се одземе лиценца, но постојат други судски инстанци. Имаме законски и подзаконски акти според кои мора да делуваме, истакна на прес-конференција претседателот на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

Лекарската комора преку своите органи, посочи таа, ќе постапи во согласност со важечките законски прописи, имаме Закон за здравствена заштита, Закон за правата на пациентите, Статут, подзаконските акти и веднаш откако ќе имаме одлука јавноста ќе биде информирана.

– Во Законот за здравствена заштита не е предвидено дека некој доктор свесно ќе го загрози здравјето на другите, затоа постои Кривичен закон, затоа постојат институции кои ќе се погрижат за тоа. Наше е пред се апелираме до колегите да се придружуваат на препораките на Светската здравствена организација, рече Гривчева Старделова.