Мигранти пронајдени во возило на патот Штип – Радовиш

0
71

Рано изутринава, на патот Штип-Радовиш, полицијата во автомобил пронашла група од 10 мигранти о Авганистан и Пакистан.

Како што пренесуваат од МВР:

На 15.03.2020 околу 06.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, на место викано „Шести километар“, при обид за контрола од полициски службеници на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, возачот го напуштил возилото, а во него биле пронајдени 10 лица-мигранти од Авганистан и Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.