Мирно, но тензично на грчко-турската граница

0
80

Атмосферата на грчко- турската граница кај селото Кастаниес денеска е мирна, но тензична, ден откако грчките безбедносни сили употребија сила за да ги спречат мигрантите да влезат во земјата. Како што јавува германската агенција ДПА ,се уште има луѓе кои се собираат пред оградата поставена по граничната линија.

Во средата мигрантите и турските власти ги обвинија грчките власти дека пукале кон мигрантите и убиле најмалку еден, а повеќе повредиле. Официјална Атина ги нарече обвинувањата лажни вести.