Мицкоски за „Дојче веле“: Власта нема доволно тестови за коронавирусот

0
84

Пред два дена на прес-конференција министерот Венко Филипче порача дека има доволна количина, односно дека во моментов има околу 1 500 теста, а има најава за донација од уште 1 000, како и набавка на други 1 000

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Дојче веле“, ја обвинува власта дека била на „меден месец“ за време на кризата со коронавирусот, како и дека нема доволно тестови.

„Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше ‘медениот месец’ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата. Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал – лекари и средномедицински кадар располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие? Зошто досега се направени само околу 260 теста? Одговорот е јасен: затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи и оние што имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави“,

вели Мицкоски за „Дојче веле“.