Мицкоски: Одржување избори ќе значи директно изложување на илјадници граѓани на ризик и ширење на коронавирусот

0
75

Одржување избори ќе значи директно изложување на илјадници граѓани на ризик по нивното здравје и ширење на коронавирусот. Јас без трошка колебање го избирам интересот на државата и граѓаните. Потребно е одговорно однесување. Борба за власт по цена на живот е неприфатлива, рече на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој изјави дека разговарал со претседателот Стево Пендаровски и побарал лидерска средба за одложување на изборите која, според него, е прифатлива за шефот на државата и ќе се одржи утре.

Мицкоски истакна дека државата е соочена со еден од најголемите предизвици од осамостојувањето, нарекувајќи ја „сериозна ситуација со огромен потенцијал за распламтувачка криза со неогледливи размери“.

Тој рече дека од доктори со кои комуницирал бил информиран дека вирусот ќе продолжи да се шири и зенитот ќе го достигне за еден месец.