Мицкоски: Сакаме да докажеме дека сме помудри за грешките од минатото, а нашите вредности се обновени

0
84

Ова е победа на нова генерација во политиката, победа над неправдите и победа на концепт темелен на вредности, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конвенцијата на партијата каде беа претставени кандидатите за пратеници за престојните предвремени избори.

-ВМРО-ДПМНЕ за само неколку години освен тоа што ја научи лекцијата од минатото, сега велиме дека ќе донесеме обнова и тоа со многу нови луѓе. Ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ против власта, туку на целиот народ против Заев и оние во раководството на СДСМ. И затоа за првпат досега имаме дури два надпартиски носители на пратеничките листи. Професорката Гордана Силјановска Давкова и светскиот маестро Игор Дурловски се луѓе со кредибилитет, чест и образ. Овие луѓе се признати во светот и во своите животи имаат се што би можеле да посакаат успешни професионалци се, но ја немаат слободата и ја имаат загриженоста дека вака повеќе не може. За нив не е проблем да живеат во било кој дел од светот ама пустото каменот тежи највеќе дома и се решија да се борат против неправдите, против неспособноста и против газењето на тие вредности. И кога го гледам нивниот мотив сфаќам колку погрешно се движат работите во земјата и колку мора побрзо да се променат. – истакна Мицкоски.