Муцунски: Кандидатите од листите на СДСМ имаа 20 години можност нешто да направат

0
85

Говорејќи за составот на пратеничките листи, за престојните предвремени парламентарни избори, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, говореше и за разликите помеѓу нивните и кандидатите на владејачката СДСМ.

Како што рече тој, кандидатските листи од неговата партија се 95% составени со нови имиња во политиката, наспроти оние на СДСМ, кои на политичката сцена се присутни во последниве 20 години.

„За разлика од СДСМ, којшто понуди кади коишто можеле да направат нешто во последните 20 години, за Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ понуди кадри коишто ќе го обноват парламентаризмот во нашата држава. Којшто во последните три години е во руина“, рече Муцунски.