Нападнат полициски службеник во тетовска Мала Речица

0
94

Нападнат полициски службеник во тетовска Мала Речица. Полицијата има регистрирамно нарушуавње на јавниот ред и мир со физичко насилтво и кршење на инвертар во угостителски објект во Тетово.

Вчера околу 11 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово кои преземале мерки околу паркирањето на улица „Маршал Тито” во Тетово лишиле од слобода 33-годишник од тетовска Голема Речица, кој се однесувал агресивно кон нив, ги навредувал, а потоа и физички нападнал еден полициски службеник. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Ноќеска во 3 часот и 35 минути, 21-годишник од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 1 часот во неговиот угостителски објект на улица „133″ во Тетово, физички бил нападнат од три лица, од кои две познавал од порано, кои биле под дејство на алкохол и во објектот искршиле дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случа јот.