Нашите фудбалерите од Италија ќе пополнуваат прашалник за коронавирус

0
76

Нашите фудбалери кога ќе доаѓаат од Италија во Скопје за натпреварот со Косово, ќе треба да потполнат здравствен локатор – карта за коронавирусот, како и останатите лица кои доаѓаат од критичните региони, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

–Сите патници кои пристигнуваат во нашата земја од Италија ќе мора да потполнат прашалник. Истото важи за сите и нема отстапување од тоа што е препорачано од Комисијата за заразни болести за било кој човек кој доаѓа од било каде, рече Филипче.

На прашање за кинеските работници од компанијата „Синохидро“ кои работат во земјава, Филипче рече дека тие биле на прегледи и немаат симптоми на коронавирусот.