На пензионерите во Албанија ќе им се забрани да шетаат

0
107

Албанскиот премиер Еди Рама,откако од вечерва по 18:00 часот, забрани движење на граѓаните пеш по улици, седење по паркови и на други јавни површини,најави дополнителни заслени мерки.

„Се подготуваме да донесеме одлука за целосна забрана пензионерите да излегуваат од дома, се додека оваа војна не заврши! Не можеме да чекаме на совеста на ова малцинство кое продолжува да ги предизвикува правилата, додедувајќи ги во многу голема опасност и себе си и другите,напиша на социјалните мрежи Рама,кој како што наведува и самот е во самоизолација.