На 17-ти март Шпанија ќе гласа за протоколот за влез на Македонија во НАТО

0
74

Корона-вирусот нема да го одложи гласањето во шпанскиот парламент, на протоколот за влез на Македонија во НАТО.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели шефот на државата, Никола Димитров.

На Фејсбук-напиша:„ Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! Со ратификацијата во Шпанија, завршува процедурата за македонското членство во Алијансата. На почетокот на Април се очекува со церемонија да биде одбележано полноправното членство.