Негативни на корона вирус се седумте граѓани кои денеска се тестираа

0
83

Двете бремени жени од Дебар, Охриѓанецот што работел во Дебар, Кичевецот, Кумановецот и Кочанчанецот и Тетовецот кои деновиве се вратиле од Геманија, Швајцарија и Австрија се немаат корона вирусот покажаа резулатите од тестирањето. На пацинетот од Кочани два пати му се вршеше тестирање бидејки имал типични симптоми за Ковид 19 и вториот пат резултатите биле негативни, информираа од министерството за здравство. Претходно, министерот Филипче информираше дека неколку дена откако се вратиле од странство пацинетите развиле висока температура.

Билансот на дијагностицирани од корона во земјава е 18. 13 од нив се хоситализирани во скопската инфективна клиника и 5-мина во Дебар.

Во дражавата има 120 респиратор од кои 90 се во Скопје потенцираше Филипче, а освен опрема јавените и приватните болници го ставаат на располагање и целиот медицински персонал на за справување со корона вирусот. Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар што кој ќе ја организира работата со петте пациенти и сите активности таму поврзани со корона вирусот . Состојбата во Дебар и Центар Жупа и од безбедносен апсект е стабилна, информираше Филипче.