„Ние сме на работа, вие седете дома“ порача медицинскиот персонал од Дебар

0
85

Лекарот од Дебар Арбен Аголи на својот на Фејсбук профил објави фотографија со своите колешки кои во рацете држат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома”.

Тие преку овој гест, сакаат да им дадат поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа кои по препорака на надлежните еден месец ќе бидат во карантин.

Во Дебар и Центар Жупа од вчера е прогласена кризна состојба. Надлежните институции спроведува посебен режим на движење, како и други активности за спречување на ширењето на коронавирусот.

Воедно денеска од тетовската касарна заминаа 50-тина припадници на Армијата кон општините Дебар и Центар Жупа.