Николовски: Владата да донесе мерки за замрзнување на цените на основните производи, враќање на заостанатото ДДВ и субвенции за погодените компании

0
77

Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе се последиците. Да бидеме искрени покрај овие огромни здравствени проблеми им посакувам се најдобро и брзо закрепнување на сите оние кои што веќе се заболени од Корона вирусот и посакувам што помали бидат последиците но покрај тие последици ќе има сериозни економски последици. За жал и Европа, а Македонија како дел од Европа се соочува и ќе се соочи во наредниот период со сериозна економска криза која ќе е последица на ова што се случува со корона вирусот. И затоа мора да ја потенцирам нашата разочараност што владата останува нема на подадената рака за помош, која што ние ја даваме во овој момент што алармира дека мора да се стават на над политичкиот моментум и партиските интереси.

Ова не смее да се претвори во арена на кампања и политички маркетинг, кој што за жал го гледаме деновиве. Повеќе работа помалку политички маркетинг е она што треба да се случува во следниот период.

Затоа нашата загриженост е и поради исто така делумното почитување на мерките на владата. Има локали во градовите и особено во Скопје кои непречено работат и по 18 часот, спротивно на препораките и преставуваат потенцијални жаришта за пренесување на вирусот. Исто така на повидок е можеби најголемата економска криза од осамостојувањето на државата. Неработењето на компаниите предизвикува штета. Таа штета може да значи да не може редовно да се исплаќаат плати во следните месеци што ќе значи дополнителен ѓок за граѓаните. Затоа бараме тие штети да ги надомести државата.