Нови два случаи со коронавирус во Косово, вкупно 33 заразени

0
109

Два нови случаи на лица носители на вирусот Ковид-19 се регистрирани денеска во Косово, со што официјалната бројка на заразени во земјата се искачи на 33, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според вечерашното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово, од вкупно десетмината тестирани денеска во неговата лабораторија за молекуларна микробиологија, позитивни на макровирусот резултирале 50-годишна жена од селото Врапчиќ во општина Гњилане и 53-годишен маж од селото Доманек во општина Малишево.