Нов, девети, случај на коронавирус во Хрватска

0
99

Хрватските здравствени власти соопштија дека е потврден уште еден, девети, случај на лице заразено од коронавирус, јави дописникот на МИА.

Заразениот човек е од Вараждин, а се работи за возач кој патувал во северниот дел на Италија, пренесува Индекс.

Досега во Загреб се регистрирани три случаи на коронавирус, а најмногу се од Риека, пет.

И покрај растот на бројот на лица заразени со Ковид-19, властите се уште немаат издадено забрана за јавни собири, но има препорака до сите оние кои бил во местата каде има заразени луѓе да не доаѓаат на јавни собири.