Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново. Наркотична дрога – марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака, со нето маса од 1007,8 грама, обвинетиот ја држел заради продажба скриена во плакар во подрумска просторија.