Обвинение за разбојник кој со нож ограби жена во нејзиниот дом во Лисиче

0
93

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 29 години, кое се товари за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 16.11.2019 година, влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку незаклучена врата. Внатре ја затекнал оштетената на која и се заканил со нож и со зборовите „дај пари или ќе те убијам“. Оштетената успеала да му ја оттргне капата со која му била покриена главата и да го види неговиот лик, по што обвинетиот го вперил сечивото од ножот кон нејзината слепоочница, а со дланката и ја покрил устата за да не може да повика помош.