Објавени резултатите од тестирањето на Трамп за коронавирус

0
76

„Една недела по вечерата со бразилската делегација, претседателот Трамп не покажува симптоми на коронавирус“, се вели во изјавата на Конли. Инаку, портпаролот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирусот, а тој ги доби симптомите на неколку дена по вечерата со Трамп.

Покрај тоа што се дружеше со Бразилците, Трамп минатата недела се дружеше со двајца републиканци кои се во изолација затоа што биле во контакт со луѓе кои биле коронавирус-позитивни. Бидејќи Трамп има 73 години и влегува во групата под ризик, тој со денови имал притисок да го направи тестирањето.

Неговиот лекар и соопшти на јавноста дека тоа не е потребно затоа што Трамп долго време не бил во контакт со потенцијално заразените, но американскиот претседател вчера призна дека тестот е направен благодарение на притисокот од јавноста и медиумите.

Инаку, портпаролот на Белата куќа, Џуд Деер, истакна дека секој што ќе стапи во контакт со претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, ќе треба да биде тестиран.

Па така, пред вчерашниот брифинг, доктор на Белата куќа им ја мереше температурата на новинарите.

Во САД досега 2340 се заразени со коронавирус, а почина 51 лице.

Извор Канал5