Ограбена црквата „Св. Пророк Илија“ во беровско Митрашинци

0
82

Во Полициската станица Берово, вчера било пријавено дека во периодот од 10 часот на 8 март до 11 часот на 10 март, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Пророк Илија“ во беровското село Митрашинци и одзел пари.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, увид на местото на настанот извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.

Се работи на расчистување на случајот.