Од денеска полесно вработување во Германија за лица кои не се од ЕУ

0
89

Во Германија денеска стапува во сила новиот Закон за доселување на стручна работна сила, кој треба да го олесни пристигнувањето на квалификувани работници од земји што не се членки на ЕУ и да го олесни сериозниот проблем со недостигот на работна сила со кој се соочува германската економија. Според новиот закон, на работниците од земји кои не се членки на ЕУ, во иднина во Германија ќе им бидат достапни сите работни места за кои се квалификувани, а не само оние кои биле прогласени за дефицитарни од германските институции и за кои нема кандидати од Германија или земји од ЕУ. како што беше случај досега. Новина е, исто така, дека стручните работници, под одредени услови, ќе можат да останат во Германија подолг временски период во потрага по работа. Барателите на работа, исто така, ќе имаат право да го надоместат евентуалниот недостиг на практично искуство со доквалификација преку практикантска работа со германски работодавач. Услов ќе биде надлежните институции да ја потврдат дипломата на странскиот работник и да докажат дека тој зборува германски јазик. Покрај тоа, ако претходно не склучи договор за вработување, странецот ќе мора да докаже дека има доволно пари за да се издржува додека бара работа.