Од синоќа до утрово уште седум нови случаи на коронавирус во Србија, се состанува државниот врв

0
163

Во Србија се регистрирани уште седум нови случаи на коронавирусот, со што бројката се искачи на 12 лица, соопшти утринава министерството за здравство, а пренесува Б92.

Од последниот извештај вчера во 18 часот, до утрово, тестирани биле 13 лица, од кои седум биле позитивни, а шест негативни.

Од седумте случаи, пет биле во контакт со две женски лица за кои вчера било утврдено дека се позитивни на коронавирусот. Останатите два случаи се потврдени после престојот во Италија и го Германија.