Од утре почнува со работа клиниката за кожни болести

0
92

Од утре започнува со работа клиниката за кожни болести, која беше затворена откако директорката на клиниката која сега е разрешена се зарази од корона вирусот, а зарази и уште 6 други доктори.

Министерот за здравство, Филипче, исто така кажа и дека денеска и утре ќе бидат готови резултатите од тестовите на докторите од Заводот за рехабилитација во Козле, после што ќе се одлучи формата на работа на Заводот.

Од денеска затворена е и гинеколошко-акушерската приватна болница „Плодност“ во Битола, каде работи докторот заболен од коронавирус. Болницата ќе биде затворена 14 дена, а ќе се тестираат и сите кои биле во контакт со него. Сите ќе бидат пратени на домашна самоизолација, а потоа ќе се прави нова евалуација.

Извор АлсатМ