Османи: Коалицијата меѓу СДСМ и Беса ризик за Бадентер

0
85

На СДСМ и одговара коалицијата со Беса и тоа е добро за нив, но тоа не и одговара на Беса и на интересите на Албанците, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на телевизија Алсат Бујар Османи од ДУИ.

Како што рече тој, таквата коалиција би можело да го загрози принципот на Бадентер.

„На СДСМ и одговара и е добро што го прави ова со Беса. Но, зошто не и одговара на Беса и на Албанците, бидејќи го ризикува принципот на Бадентер кој е во суштина на консензуалноста или консензуалната интеграција донесена од Охридскиот договор. Ова се концептуални разлики кои се природни“, вели Османи