ПЕНДАРОВСКИ В ПОНЕДЕЛНИК ГО СВИКУВА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

0
78

Претседателот на државата Стево Пендаровски в понеделник свика седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и мерките што на земјава и’ стојат на располагање. Тој денеска на прес-конференција рече дека првата е да се ангажира армијата без прогласување кризна состојба како што е тоа сега на границите со Грција и Србија за контрола на протокот на мигранти.

Втората можност е да се прогласи кризна состојба во одредени делови или на територијата на целата Македонија и третата опција е прогласување вонредна состојба, за која Пендаровски смета дека во овој момент нема потреба од тоа.

Претседателот Пендаровски информираше дека стоковите резерви во земјава се стабилни и дека животни продукти неопходни за вакви ситуации има доволно. Доволно залихи има и кај енергентите во случај на понатамошно ширење на коронавирусот.

Според претседателот на државата, нема да е крај на светот ако поради состојбата со коронависрусот изборите бидат одложени за месец или два а кампањата може да се одвива и на социјалните мрежи. Сепак, рече тој тоа треба да се донесе со консензус на сите политички п артии.