Повозрасните од 67 години ќе можат да се движат од 5:00 до 11:00 часот, нема да можат да се сретнат со младите

0
83

Се менува времетрањето на полицискиот час за одредени групи на граѓани, како и општиот полициски час. Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека полицискиот час ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро, наместо до 6.

Што се однесува до младите до 18 години, тие ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 навечер. Повозрасните од 67 години ќе можат да се движат од 5 часот наутро до 11 часот претпладне. Ова значи дека најосетливите од корона вирусот нема да можат да се сретнат со најголемите преносители.

-Најосетливи се постарите од 67, а младите се оние кои се најголемите преносители. Се донесе одлука за забрана за движење за лицата постари од 67 години. Тие ќе можат да се движат од 5 наутро до 11 претпладне. Во тој период да ги извршат набавките, после 11 претпалдне нема да можат да се движат. Ова е за заштита на нивното здравје.

Младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот навечер. Во ист момент не можат да се сретнат едната и другата група.

Забраната за другите жители ќе биде од 21 до 5 часот наутро, поради јавниот превоз, рече Спасовски.

Извор фокус