Полицијата ги фатила со марихуана – уапсени четворица скопјани

0
72

Четворица скопјани биле уапсени вчера откако при извршен претрес од страна на полициски службеници кај нив била пронајдена марихуана.

Вчера во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од бул.„Илинден“ го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Македонија“ го лишиле од слобода Ф.Ц.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.