Попот и оџата во Дебар заедно против коронавирусот

0
77

Верниците муслимани сега верските обреди ги извршуваат целосно дома, а не во џамија. И христијанската црква се држи до препораките да не се излегува од дома. Верските лидери во Дебар, каде што има најмногу заразени, заеднички ги поддржуваат напорите за спроведување на мерките на Владата против коронавирусот.

И во овие тешки состојби поради коронавирусот во Дебар, каде што бројката на болни лица е најголема во земјава, муслиманите и православните христијани преку верските заедници даваат заеднички силна поддршка за спроведување на мерките на Владата. Дебарскиот муфтија и Намесникот на христијанската дебарска Парохија преземаат превентивни активности, а верниците силно се сплотени и ги реализираат превентивните мерки.

Дебарскиот муфтија Решат Качалнику, вели дека верниците муслимани сега верските обреди ги извршуваат целосно дома, а не во џамија.

„Ние како верски претставници имаме обврска да го делиме чувството за сите нас без разлика на верата и нацијата на која и припаѓаме. Ги преземаме активностите и за изолација. Сакаме да се мисли на сите нас и владата да се грижи како за нас во Дебар, така и за другите градови во земјава. Треба да работиме за целиот наш народ. Како Муфтиство на Дебар, во согласност со институциите во градот, имаме прифатено да ги спроведеме сите мерки во оваа состојба, бидејќи имаме духовна и морална одговорност со цел да се заштити здравјето на населението. За таа цел, ние наместо обредите на намазите да ги реализираме во џамија, ги вршиме дома. Во интерес на здравјето во Дебар верниците муслимани и Џума намазот во петоците не го одржуваат во џамија, туку во своите домови, се со цел да го заштитиме здравјето на сите“, вели дебарскиот муфтија Решат Качалнику.

Извор Рсе