Потврден уште еден случај на коронавирус во Хрватска: Вкупниот број достигна до 11 заразени лица

0
102

Хрватска го потврди 11-тиот случај на коронавирус. Станува збор за контакт со пациент од Вараждин.

Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, во Загреб, потврдено е дека уште лице се заразило со новиот коронавирус, што значи дека досега се потврдени 11 заболени лица во Република Хрватска.

„Се работи за близок контакт со член на семејството кај втор пациент од Вараждин“, се вели во соопштението на Службата за цивилна заштита.